Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина легендарниот рокер Ози Озборн, фронтменот на Black Sabbath

Почина легендарниот рокер Ози Озборн, фронтменот на Black Sabbath

Ози Озборн почина на 76 години. Неговото семејство ја потврди тажната вест со кратко соопштение:

„Со тага која е поголема одошто може да се изрази со зборови, мораме да известиме дека нашиот сакан Ози Озборн почина утрово. Тој беше со семејството, опкружен со љубов. Бараме од сите да ја почитуваат нашата приватност во овој период“.

Пред само три недели, Принцот на темнината настапи на неговиот последен концерт во Бирмингем со кој се збогуваше со фановите. Поради битката со Паркинсонова болест, најголем дел од концертот тој седеше на трон.

Ози Озборн

„Не знаете како се чувствувам, ви благодарам од дното на срцето“ – ѝ рече легендарниот музичар на публиката.

Ози се прослави како основач и водечки вокал на Black Sabbath. Тие се сметаат за пионери на хевиметалот со хитови како „Paranoid“, „War Pigs“ и „Iron Man“. Откако си замина од бендот поради несогласувања со другите членови, тој продолжи со успешна соло кариера.

Неговите енергични и контроверзни настапи уште повеќе му ја зголемија славата. За време на еден од концертите во 1982 година, тој со забите откина глава на лилјак за кој мислеше дека е гумен.

Ози Озборн

Со помош на неговата сопруга Шерон тој се ослободи од канџите на дрогата и на почетокот на 2000-тите години, снимија ТВ серија со семејството. Во „The Osbournes“ ѕвезди беа и неговите две деца – Кели и Џек, а нивната ќерка Ејми одби да биде ескпонирана.

Ози Озборн Ози Озборн Ози Озборн

Концертен филм за Ози и Black Sabbath ќе биде објавен следната година.

Ози Озборн Ози Озборн

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27639 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.