Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џенифер Анистон апелира: „Ако се грижите за човечките животи, ве молам едноставно носете маска“

Џенифер Анистон апелира: „Ако се грижите за човечките животи, ве молам едноставно носете маска“

Сè повеќе славни личности се залагаат за подигнување на свеста кај луѓето за важноста на носењето заштитни маски.

Џенифер Анистон сподели фотографија на која позира со нејзината маска и испрати важна порака за коронавирусот до сите:

Разбирам дека маските се непријатни и некомфорни. Но, не мислите ли дека е полошо тоа што се затвораат бизниси... што се губат работни места... што здравствените работници се апсолутно истоштени. И тоа што вирусот одзеде толку многу животи затоа што ние не сме доволно добри.

Искрено верувам во вродената добрина на луѓето и знам дека сите го можеме ова. НО, и покрај тоа, има многу луѓе во нашата земја кои одбиваат да ги направат потребните чекори за да ја израмнат кривата и да се чуваат безбедни едни со други. Луѓето се загрижени дека „им се одземени нивните права“ со самото тоа што е побарано од нив да носат маска. Оваа едноставна и ефективна препорака е политизирана за сметка на човечките животи. И навистина тоа не треба да биде предмет на дебата.

Ако се грижите за човечките животи, ве молам... едноставно носете проклета маска и поттикнувајте ги сите околу вас да го прават истото.

Рис Витерспун пред неколку дена исто така сподели фотографија со маска и напиша: „Здраво на сите! Носењето маска не е политичка изјава. Тоа значи дека се грижите за здравјето и безбедноста на другите луѓе. Бидете ЉУБЕЗНИ, носете маска!“.

И други славни личности споделија фотографии со пораки на хаштагот #WearaDamnMask

Патрик Демпси: „Ова е прекрасен ден за спасување животи“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11155 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.