Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џастин Тимберлејк и Камерон Дијаз повторно заедно

Џастин Тимберлејк и Камерон Дијаз повторно заедно

Џастин Тимберлејк и Камерон ДијазЏастин Тимберлејк и Камерон Дијаз на снимањето на Bad Teacher

Уште кога започна снимањето на романтичната комедија Bad Teacher, во која главните улоги ги имаат Џастин и Камерон, се појавија гласини дека нивната романса се обновува.

Иако сè уште нема официјална информација дека Џастин ја прекина својата врска со Џесика Бил, веќе странските медиуми објавуваат дека тој е повторно заедно со неговата бивша, Камерон Дијаз.

Британското списание Now magazine, потпирајќи се на изјава на пријател на Џастин пишува: „Камерон и Џастин се повторно заедно во изминатите неколку седмици и тој дефинитивно ќе стави крај на врската со Џесика. За него ова е комплетно нов почеток со Камерон. Сака овој пат работите да успеат и дури зборува да го помине остатокот од животот со неа“.

Наводно Џастин дури и ја прашал неговата мајка дали да започне повторно да се гледа со Дијаз. Мајка му му рекла да ја покани Камерон да излезат пред таа да замине во Европа за промоцијата на нејзиниот нов филм Knight And Day.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11279 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.