Мери Акиевска му кажа „Да“ на својот партнер.
Македонската бодибилдерка, која е и трикратна светска шампионка, го прифати романтичниот предлог за брак на својот сакан. Запросувањето се случи во Охрид, а Мери сподели фотографии од среќниот момент.
На една од нив, Акиевска го покажува свршеничкиот прстен.






Мери е најуспешната бодибилдерка кај нас и покрај тешкото детство кое го имала. Нејзиниот татко бил алкохоличар, а таа не крие дека израснала во семејно насилство и немири. Сето тоа придонело денес да биде толку силна личност.

