Една од најголемите музички ѕвезди на просторите на поранешна Југославија, Лепа Брена, официјално стана пензионерка.
Сè уште не е соопштено колкава сума ќе добива 64-годишната пејачка секој месец. Се претпоставува дека на Брена ќе ѝ биде доделена и национална пензија.

„Мило ѝ е што доживеа пензија, но не се чувствува како пензионерка и самата таа ‘титула’ ѝ е чудна. Особено дека нема да си го промени начинот на живот. Брена ќе продолжи да настапува како и досега, но и максимално ќе ужива, како што започна во времето на короната. Тогаш таа сфати дека е време да се посвети повеќе на себе и на Боби по многу години напорна работа“ – изјавил извор за 24sedam.
Брена на 1 август настапи на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.



Со безброј хитови, распродадени концерти и милиони обожаватели ширум Балканот, Брена останува икона која остави неизбришлива трага во музичката историја на регионот.



