Почетна » Новости » Актуелно » „Вози слободно таму горе“: Пријателите се збогуваат со Душко Чифлиганец кој загина на 32 години

„Вози слободно таму горе“: Пријателите се збогуваат со Душко Чифлиганец кој загина на 32 години

Македонија тагува по загубата на Душко Чифлиганец, кој трагично го загуби животот на само 32 години во мото-трка во Брно, Чешка.

Веста за смртта на младиот бизнисмен предизвика шок и неверување кај неговите пријатели, соработниците и бројни јавни личности кои преку социјалните мрежи му оддадоа последна почит.

Душко Чифлиганец

Постојано се редат емотивни објави со кои се споделуваат спомени, фотографии и зборови на благодарност за времето поминато со Душко.

Перо Антиќ

Поранешниот македонски кошаркар со кратка порака се збогуваше со својот „брат“.

Душко Чифлиганец

Игор Стефановски-Иџе

Македонскиот професионален рели возач сподели две фотографии и напиша:

„Бог да те прости, Душко. Нека ти е светол патот братко, ќе останеш вечно во нашите срца. Искрено сочувство до семејството и најблиските. Почивај во мир“.

Миро Кацаров

Водителот Кацаров на стара фотографија напиша:

„Патувај со ангелите златно дете“.

Душко Чифлиганец

Иван Ивановски

Македонскиот претприемач и инвестициски консултант, кој беше и бизнис партнер со Душко, со голема тага се збогуваше со својот пријател:

Душко Чифлиганец

Душко, прерано не напушти, пријателе. Не верував дека ќе дојде денот кога вака ќе ти се обраќам...

Секој што те познаваше знае дека беше човек со големо срце, но и визионер каков што ретко се среќава. Јас ја имав честа да те имам не само како пријател, туку и како бизнис партнер.

Имавме јасна визија, големи цели и уште поголема мотивација. Не правевме само планови, ги живеевме тие идеи, ги сонувавме со отворени очи и работевме посветено на нивно остварување.

Твојата посветеност, твојот оптимизам, начинот на кој ги гледаше работите од поинаков агол, сето тоа ќе ми недостига секој ден. Не само во работата, туку и во животот.

Во овие тешки мигови, моите мисли се со твоето семејство, со најблиските, со сите што те сакаа и почитуваа.

Ќе продолжам, исто онака како што заедно замисливме. Во секоја одлука. Во секој нов чекор.

Фала ти што беше тука, твојот дух ќе остане во се што правиме понатаму. Секој нареден успех ќе биде наш заеднички успех. Ветувам.

Збогум другар. Почивај во мир.

Душко Чифлиганец Душко Чифлиганец Душко Чифлиганец

Тодор Вуковски

Тамара Тодевска

Душко Чифлиганец

Игор Дурловски

Оливер Спасовски

Љупчо Николовски

Душко Чифлиганец Душко Чифлиганец Душко Чифлиганец Душко Чифлиганец

Душко Чифлиганец беше познат по својата љубов кон моторите, спортот и животот. Секогаш позитивен и полн со ентузијазам, остави силен впечаток кај сите кои го познаваа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28011 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.