Мерил Стрип ја враќа на филмското платно Миранда Присли.
Славната Оскаровка започна со снимањето на продолжението на „The Devil Wears Prada“.
На фановите најмногу им го привлече вниманието снимањето на сцени инспирирани од МЕТ балот, за кои Стрип носеше гламурозна црвена креација. Многумина се согласија дека Стрип не изгледала подобро во улогата на строгата модна уредничка Миранда.
76-годишната актерка глумеше до Стенли Тучи, кој ќе ја репризира улогата на уметничкиот директор Најџел.








Во новиот филм се враќаат и Ен Хетавеј и Емили Блант, а популарната стилистка Патриција Филд повторно е задолжена за изгледот на ѕвездите.







Премиерата е планирана за мај 2026 година.