Ријана и Ејсап Роки привлекоа огромно внимание со нивното прво појавување на свеченост по раѓањето на третото дете.
На доделувањето на CFDA Fashion Awards, 37-годишната пејачка, која се породи на средината на септември, шармираше во модна комбинација со мантил од Alaia, додека нејзиниот партнер беше облечен во костум од Chanel.
Ријана ја роди ќеркичката Роки Ајриш Мајерс на 13 септември 2025 година.
Популарните музичари имаат уште две мали синчиња. Нивното првото дете, Риза Ателстон Мајерс, се роди во мај 2022 година, а Рајот дојде на овој свет на 1 август минатата година.
Парот започна да се состанува во 2020 година.
		
