Живко Мукаетов со емотивна порака се збогуваше со Душко Чифлиганец, кој вчера почина на 32-годишна возраст.
Генералниот директор на „Алкалоид“ накратко опиша како се запознал со младиот бизнисмен и ги истакна неговата позитивност и визионерските способности.

Лично го запознав во 2014 година, како студент во Дубаи. Дојде на ракомет во Катар со маичка „I love Macedonia“. Ми се обраќаше со „чичко Живко“. Исто друштво со една од ќерките. Цело знаење и искуство од надвор го донесе дома во Македонија.
Се среќававме на многу важни настани. Прекрасен човек со големи идеи и широки видици. Редок позитивец. Огромна трагедија...
Широко небо Душко.
Искрено сочувство до почитуваното семејство Чифлиганец.
Нашите мисли се со Данка, Ванчо, Драгана и Евангелина.

Душко беше заменик претседател на Adora Business Group, а и голем љубител на мотоцикли и автомобили и учествуваше на меѓународни натпревари за брзински мотоциклизам.
Познатиот син на Ванчо Чифлиганец се едуцираше и живееше во Дубаи, каде и се запознал со Мукаетов.
