Почетна » Новости » Занимливости » „Вечна слава, честити царе!“: Лазар Бараков го посети гробот на Ѓорѓи Колозов за да му оддаде почит

„Вечна слава, честити царе!“: Лазар Бараков го посети гробот на Ѓорѓи Колозов за да му оддаде почит

Лазар Бараков му оддаде почит на својот пријател и поранешен колега од „Македонските народни приказни“, Ѓорѓи Колозов.

71-годишниот легендарен актер го посети гробот на Колозов и се поклони на него заедно со администраторот на Facebook страницата „Ѓорѓи Колозов“, Горан Марковски.

Лазар Бараков Лазар Бараков

Тие објавија фотографии заедно со текстот:

Денес, како админ на оваа страница, заедно со легендарниот Лазар Бараков, се поклонивме пред вечното почивалиште на последниот македонски цар – Ѓорѓи Колозов.

Нашата средба не беше обична туку преполна со силни чувства и емоции. Таа се случи на свето место – на гробот на човекот кој со својата уметност и умешност не' задолжи како народ и остави длабок печат во македонската култура и душа!

Со скромен поклон, ружа во рака, и длабок наклон му оддадовме чест и почит на човекот чие име никогаш нема да згасне!

Царот и понатаму живее во своите улоги, во разговорите и сеќавањата, во колективната меморија, во душата на овој народ!

Вечна слава честити царе!

Твојот народ не те заборава.

Лазар Бараков Лазар Бараков Лазар Бараков

Ѓорѓи Колозов е еден од најпознатите глумци во Македонија, кој ќе остане запаметен по неговите извонредни толкувања на разни ликови од народното творештво како цар, кадија, чорбаџија, селанец, па дури и како Господ.

Неговата популарност во најголема мера се должи на неговото долгогодишно искуство во „Македонски народни приказни“, засновани на збирката народни преданија издадени во XIX век од собирачите на македонски народни умотворби, како Марко Цепенков, Кузман Шапкарев, Ѓорѓи Пулевски и други.

Лазар Бараков Лазар Бараков Лазар Бараков Лазар Бараков

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28087 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.