Калвин Харис со сопругата Вик станаа родители на момче кое го доби името Мајка.
41-годишниот диџеј сподели фотографии направени на Ибица од породувањето на Вик во домашна атмосфера во базен.
„На 20 јули пристигна нашето момче. Мајка е тука! Мојата сопруга е суперхерој и јас сум воодушевен од нејзината исконска мудрост! Толку сум благодарен. Те сакаме многу, Мајка“ – напиша Харис.



Додека некои се разнежнија од фотографиите со новороденото синче, многумина го критикуваа што ја покажа плацентата и процесот на нејзино дехидрирање и претворање во ампули.
Некои мајки ја консумираат плацентата преку процес на дехидрирање, мелење и складирање на правот во капсули, бидејќи веруваат дека има низа здравствени бенефиции.



Убавата вест дека парот ќе добие детенце беше откриена откако Вик ја водеше својата радио емисија со пораснато трудничко стомаче во мај.

Калвин и Вик започнаа да се состануваат во јануари 2022 година, а на 9 септември 2023 година стапија во брак. Парот сè уште нема објавено официјални фотографии од свадбата.

