Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џастин Бибер им возврати на сите кои си мислат дека се дрогира и откри дека има Лајмска болест

Џастин Бибер им возврати на сите кои си мислат дека се дрогира и откри дека има Лајмска болест

Џастин Бибер во искрен пост на Instagram им возврати на сите кои го критикуваат за изгледот и кои шират шпекулации дека се дрогира.

25-годишниот пејач откри дека страда од Лајмска болест и дека неодамна имал сериозен случај на мононуклеоза, што се одразило не само на неговиот надворешен изглед, туку и на целокупното здравје.

„Додека многумина постојано зборуваат дека Џастин Бибер изгледа како го*но, дека е на мет итн., тие не можат да сфатат дека неодамна ми беше дијагностицирана Лајмска болест. Не само тоа, туку имав и сериозен случај на хронична мононуклеоза, што се одрази на мојата кожа, на функционирањето на мозокот, на енергијата и на целокупното здравје. Сите овие нешта ќе бидат објаснети понатаму во документарна серија која за кратко време ќе ја објавам на YouTube… ќе можете да научите со што сè се борам и што сум ПРЕБРОДИЛ!!! Последните неколку години беа тешки за мене, но го добивам правилното лекување кое ќе помогне да се третира оваа засега неизлечива болест и ќе се вратам и ќе бидам подобар отсекогаш“ – напиша Бибер.

Џастин Бибер Џастин Бибер

Според извори на TMZ, Џастин бил во депресија во најголем дел од 2019 година, но дури на крајот од годината докторите сфатиле дека тој страда од Лајмска болест.

Лајмската болест е инфективно заболување предизвикано од бактерии кои припаѓаат на родот Borrelia и тоа: Borrelia burgdorferi, Borrelia garinii и Borrelia afzelii. Оваа болест на луѓето се пренесува преку убод од инфициран крлеж.

Прочитајте повеќе за болеста тука.

Во септември минатата година, Бибер стапи во брак со моделот Хејли Болдвин.

Џастин Бибер Џастин Бибер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27591 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.