Почетна » Новости » Шоу-бизнис » 20-годишната мајка ја повлече тужбата против Џастин Бибер

20-годишната мајка ја повлече тужбата против Џастин Бибер

Мараја Јетер, 20-годишната Американка која тврдеше дека Џастин Бибер е татко на нејзиното тримесечно бебе, најпосле реши да се предаде и да ја повлече тужбата.

Тужбата со која Мараја бараше познатиот пејач да направи тест за татковство е повлечена, известува порталот TMZ.

Мараја со нејзиното бебеМараја со нејзиното бебе

Повлекувањето на Мараја доаѓа откако Џастин Бибер прифати да го направи ДНК тестот. Адвокатите на тинејџерската ѕвезда уште ѝ се заканија дека по добивањето на резултатите од тестот подготвуваат тужба против Мараја со цел да покажат дека не може секој што сака да излезе и да презентира лажни тврдења во јавност.

Бибер уште од почетокот на скандалот тврдеше дека воопшто не ја познава Мараја и дека никогаш не се сретнал со неа. „Само ќе кажам дека ниту едно од тие обвинувања не е вистинито. Знам дека ќе бидам мета, но никогаш нема да бидам жртва. Никогаш не сум ја запознал таа жена“ – изјавил Бибер.

Џастин Бибер и неговата девојка, Селена ГомезЏастин Бибер и неговата девојка, Селена Гомез

Мараја во тужбата тврдеше дека имала краток сексуален однос со Бибер зад сцената по еден од неговите концерти.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11104 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.