Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Bing: Бибер ја победи Ким и стана најпребарувана личност на интернет за 2011

Bing: Бибер ја победи Ким и стана најпребарувана личност на интернет за 2011

Џастин Бибер е најпребаруваната славна личност на интернет за 2011 година, според пребарувачот Bing. Тинејџерската сензација очигледно буди поголема љубопитност кај интернет корисниците отколку Ким Кардашијан која се најде на второ место и Џенифер Анистон на која ѝ припадна третото место.

Џастин БиберЏастин Бибер

Бибер, кој од минатогодишната шеста позиција оваа година се искачи на врвот, е и единствениот претставник на посилниот пол кој се најде меѓу првите десет најпребарувани личности.

Ким КардашијанСвадбата на Ким се најде меѓу напребаруваните настани за 2011

Лудориите на Линдзи Лохан ѝ го донесоа четвртото место на листата, а Џенифер Лопез направи огромен скок на петтото место.

Бритни Спирс, Кети Пери, Меган Фокс, Лејди Гага и Мајли Сајрус ја заокружија листата на топ 10 најпребарувани личности.

Кралската свадба на Кетрин и принцот Вилијам е најпребаруваниот селебрити настан за 2011 година.

Свадбата на принцот Вилијам и КетринСвадбата на принцот Вилијам и Кетрин

На второ место е последното продолжение на „Хари Потер“, на трето свадбата на Ким Кардашијан, на четврто бременото стомаче на Бијонсе, на петто врската на Рoберт Патинсон и Кристен Стјуарт, а на шесто скандалот со неверството на Ештон Кучер.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.