Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џастин Бибер го сруши YouTube рекордот на Лејди Гага

Џастин Бибер го сруши YouTube рекордот на Лејди Гага

Џастин Бибер постави нов рекорд. Тинејџерската сензација стана првата личност што добила 2 милијарди прегледувања на YouTube.

17-годишниот пејач со тоа го сруши рекордот поставен од Лејди Гага, која минатата година беше прогласена за прв изведувач со 1 милијарда кликови на популарниот сајт за споделување на видеа.

Според Famecount, сајтот којшто ја споредува популарноста на славните личности на социјалните мрежи и на YouTube, Џастин до моментов има 2.005.500.000 прегледувања, а Гага 1.884.600.000.

Џастин Бибер и Лејди ГагаЏастин Бибер и Лејди Гага На трето и четвртото место според бројот на YouTube прегледувања се наоѓаат Ријана и Еминем, па следуваат Шакира, Black Eyed Peas, Бритни и Бијонсе.

Сепак, Лејди Гага останува попопуларна од Џастин на друштвените мрежи Facebook и Twitter.

Погледнете го најновиот спот на Бибер за „Mistletoe“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.