Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Ќе се видиме повторно“: Славните личности со трогателни пораки се збогуваат со Твич, кој се самоуби на 40 години

„Ќе се видиме повторно“: Славните личности со трогателни пораки се збогуваат со Твич, кој се самоуби на 40 години

Откако беше објавена веста за самоубиството на Твич, славните личности напишаа трогателни пораки за да му го кажат последното „Збогум“ на нивниот пријател.

Стивен Бос, познат како Твич (tWitch), долги години беше диџеј во шоуто на Елен Деџенерис, а се прослави како еден од танчерите во шоуто „So You Think You Can Dance“. Тој редовно објавуваше видеа на кои танцува со сопругата, а последното видео му беше објавено еден ден пред смртта.

Покрај многуте објави кои во моментов имаат цел да ја подигнат свеста за важноста на менталното здравје, стојат и оние на Џенифер Лопез, Ченинг Тејтум, Елен Деџенерис, Кери Вашингтон, Џесика Алба и Џастин Тимберлејк.

Џенифер Лопез

„Твич беше светлина и убава душа. Шокирана сум и тажна. Срцето ми се крши за Твич, неговата сопруга и децата. Им испраќам љубов и сила“ – напиша славната музичарка.

Елен Деџенерис

„Срцето ми е скршено. Твич беше чиста љубов и светлина. Тој ми беше семејство и го сакав со целото мое срце. Ќе ми недостига“ – напиша водителката.

Ченинг Тејтум

„Немам зборови. Не постојат зборови. Мојата глава или моето срце не можат да го разберат ова. Има многу... Не знам ни од каде да започнам. Те сакам. Ќе се видиме повторно, пријателе. До тогаш...“ – напиша ѕвездата од „Magic Mike“.

Џесика Алба

Алиша Кис

Кери Вашингтон

Џејда Пинкет Смит

Крис Џенер

Сиара

Џастин Тимберлејк

„Срцето ми се крши што слушам дека некој кој носеше толку голема радост, страдаше толку многу зад затворени врати. Го познавав Твич повеќе од 20 години... Никогаш не можеш да знаеш низ што минува некој. Грижи се за себе. Сакај ја личноста во огледалото. Проверувај ги твоите луѓе. Кажи им дека ги САКАШ“ – стои во објавата на пејачот.

Твич

Мишел Обама

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26562 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.