Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Малума сред настап остро прекори мајка која го однесе бебето на концерт без штитници за уши

Малума сред настап остро прекори мајка која го однесе бебето на концерт без штитници за уши

Малума несомнено се грижи за најмалите.

31-годишниот пејач, кој стана татко во март минатата година, ја изненади публиката на концертот во Мексико Сити кога неочекувано го прекина настапот. Славниот музичар прекори мајка која го однесе едногодишното бебе на концерт без штитници на ушите.

Малума Малума

„Со цела почит... Дали навистина мислиш дека е добра идеја да донесеш едногодишно бебе на концерт каде децибелите се толку високи? Каде звукот е толку гласен? Тоа бебе дури и не ни знае што прави тука.“

„Следниот пат, заштити му ги ушите. Навистина. Тоа е твоја одговорност. Го мавтате како да е играчка. Тоа бебе не сака да биде тука, навистина. Ви кажувам со сета љубов и почит, сега кога сум татко… никогаш не би го донел детето на концерт. Следниот пат, бидете малку посвесни“ – ѝ рече тој.

Реакцијата на Малума беше проследена со аплауз од дел од публиката, додека некои од присутните останаа изненадени од неговата искреност. Тој подоцна продолжи со настапот, но јасно стави до знаење дека безбедноста и здравјето, особено на најмладите, треба да бидат приоритет.

Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи, а многумина го пофалија пејачот за реакцијата.

Малума

Малума има една ќерка со саканата Сузана Гомез.

Малума Малума Малума

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28278 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.