Шерон Стоун поседува ултимативен сексапил кој не подразбира разголеност.
67-годишната актерка пленеше на премиерата на „Nobody 2“ во припиен фустан кој ѝ ја акцентираше силуетата.



На свеченоста во Лос Анџелес, холивудската ѕвезда позираше со трите сина.


Заедно со поранешниот сопруг, филмската икона го посвои најстариот син Роан, а Лард и Квин ги посвои како самохрана мајка. Шерон многупати има нагласено дека семејството ѝ е најголема потпора и дека мајчинството ѝ е најважна улога во животот.
Во новиот филм „Nobody 2“, Стоун ја има улогата на главна негативка.