Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Се самоуби Твич, диџејот од шоуто на Елен

Се самоуби Твич, диџејот од шоуто на Елен

Почина Стивен Бос, познат како Твич (tWitch). 40-годишниот танчар, кој долги години беше диџеј во шоуто на Елен Деџенерис, се самоуби.

Твич

Веста за неговата ненадејна смрт ја потврди неговата сопруга Алисон Холкер. „Со тешко срце морам да споделам дека мојот сопруг Стивен нè напушти. Стивен ја развеселуваше секоја соба во која ќе зачекореше. Тој ги ценеше семејството, пријателите и заедницата повеќе од сè и живеењето со љубов и светлина му значеше најмногу. Тој беше ‘рбетот на нашето семејство, најдобриот сопруг и татко и инспирација за неговите фанови... Стивен, те сакаме, ни недостигаш и секогаш ќе го чувам последниот танц за тебе“ – стои во нејзиното соопштение за јавноста.

Твич

Според информации до кои стигнаа странските медиуми, Твич бил пронајден со прострелна рана во хотелска соба.

Твич се прослави како учесник во шоуто „So You Think You Can Dance“, а потоа имаше неколку филмски улоги и беше дел од тимот на Елен од 2014 година, па до финалната сезона.

Позитивниот танчар и неговата сопруга Алисон пред неколку дена ја прославија 9-годишнината од бракот. Тие имаат три деца.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26562 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.