Габи Новак го напушти овој свет.
Легендарната хрватска пејачка не ја дочека 90-тата година од животот и почина на 89-годишна возраст, само два месеца по смртта на синот единец, Матија Дедиќ. Последен пат била видена во јавност на неговата комеморација во Загреб.



Габи зад себе имаше богата музичка кариера, но преживеа и многу тажни мигови. Во 2015 година го изгуби својот сопруг, Арсен Дедиќ, а на 8 јуни оваа година почина и нејзиниот син на само 53 години.


Нејзината последна песна била снимена токму со синот Матија и со Данијела Мартиновиќ.

Габи е родена во 1936 година во Берлин, а со семејството се преселила на Хвар на почетокот на Втората светска војна. Честопати таа беше нарекувана Прва дама на хрватската поп музика.
