Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ѓоко Танески ја немаше „силата“ за евровизиско финале

Ѓоко Танески ја немаше „силата“ за евровизиско финале

Ѓоко Танески вчера вечерта настапи на гламурозната сцена во Осло, за да ја претстави Македонија на овогодишниот избор за песна на Евровизија.

Одличниот настап и песната „Јас ја имам силата“ не беа доволни за Ѓоко да стане еден од 10-те финалисти. По соопштувањето на резултатите стана јасно дека понатаму продолжуваат Босна и Херцеговина, Молдавија, Русија, Грција, Португалија, Белорусија, Србија, Белгија, Албанија и Исланд.

Второто полуфинале ќе се одржи утре, а 10-те финалисти кои ќе бидат избрани, заедно со 10-те финалисти од првата вечер ќе им се придружат на Норвешка, Германија, Велика Британија, Франција и Шпанија во големото финале закажано за 29-ти мај.

ВИДЕО: Настапот на Ѓоко Танески

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11552 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.