Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Шарлиз Терон за Elle: „Девојките треба да знаат дека да си феминистка е добро нешто“

Шарлиз Терон за Elle: „Девојките треба да знаат дека да си феминистка е добро нешто“

Шарлиз Терон е во фокусот на јунското издание на „Elle“ UK.

За фотосесијата, холивудската ѕвезда позираше пред објективот на Бјарн Јонасон.

Шарлиз Терон Шарлиз Терон

Во интервјуто за списанието, 39-годишната актерка се отворила за врската со Шон Пен и признала дека понекогаш им било тешко да соработуваат за заеднички филмски проекти. „Да го оставиме настрана тоа што ми е партнер, тој е љубовта на мојот живот. За првпат почувствував дека работата се преточуваше во мојот живот и тоа беше навистина тешко. Имаше моменти кога јас бев неверојатно нефер кон него. И моменти кога јас чувствував дека тој е неверојатно нефер кон мене. Но, тоа те тера да сфатиш дека без разлика колку комплицирано станува, приоритет е врската“ – рекла Терон.

Шарлиз зборувала и за феминизмот и преговорите да биде исто платена како и машките актери во филмот „The Huntsman“. „Морам да ги пофалам, бидејќи кога ги прашав, тие веднаш се согласија. Не се противеа“ – рекла таа. „Девојките треба да знаат дека да си феминистка е добро нешто. Тоа не значи дека ги мразиш мажите. Тоа значи еднакви права. Ако ја вршите истата работа, вие треба да бидете платени и третирани на ист начин“ – додала славната актерка.

Шарлиз Терон Шарлиз Терон Шарлиз Терон Шарлиз Терон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11928 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.