Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Холивудски шармер: Рајан Гослинг сними фотосесија за GQ и зборуваше за Ева и ќеркичките

Холивудски шармер: Рајан Гослинг сними фотосесија за GQ и зборуваше за Ева и ќеркичките

Рајан Гослинг неретко е прогласуван за најзгоден актер во Холивуд. Славниот шармер има украдено многу женски срца, но судејќи според начинот на којшто зборува за Ева Мендес, во неговото срце има место само за една жена.

Рајан Гослинг

Коментирајќи го животот со Ева и нивните две мали ќерки во интервју за GQ, 36-годишниот актер изјавил: „Цел живот слушаш како е да имаш деца и сте тие клишеа се вистина. Сметав дека знам дека сè ќе се промени, но додека не го искусиш тоа, нема шанси да знаеш што навистина мислат луѓето. Јас само знам како е да ги имаш моите деца. Во мојата ситуација, Ева е мајката од соништата, тие се децата од соништата и сè е како сон кој го сонувам сега. Имам голема среќа.“

„Кога ќе ги запознаеш своите деца, сфаќаш дека тие заслужуваат одлични родители... И мораш да се потрудиш да станеш личноста која ја заслужуваат“ – додал тој.

Рајан Гослинг Рајан Гослинг Рајан Гослинг Рајан Гослинг Рајан Гослинг Рајан Гослинг

За фотосесијата, Рајан позираше пред објективот на Крег МекДин.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11193 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.