Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Холивудска дива: 88-годишната Софија Лорен блеска во бел костум во Милано

Холивудска дива: 88-годишната Софија Лорен блеска во бел костум во Милано

Софија Лорен му пркоси на стареењето. Каде и да се појави, 88-годишната актерка одушевува со својот одржан изглед.

На свеченото отворање на нејзиниот ресторан во Милано, холивудската дива блескаше во елегантен бел костум, кој го надополни со сатенска блуза и впечатлив дијамантски накит.

Софија Лорен Софија Лорен Софија Лорен Софија Лорен Софија Лорен

Софија е голема љубителка на италијанската храна и тестенините, па не е изненадување што одлучи да отвори нов ресторан. „Сѐ што гледате на мене им го должам на шпагетите“ – признава славната актерка, која има ресторан и во Фиренца.

Една од нејзините најпознати изјави е: „Повеќе сакам да јадам тестенини и да пијам вино, отколку да бидам големина 0“.

Софија Лорен Софија Лорен Софија Лорен Софија Лорен Софија Лорен

Лорен плени и во деветтата деценија од животот и вели дека убавината доаѓа однатре. „Секоја жена може да изгледа најдобро ако се чувствува убаво во своја кожа. Не е во прашање облеката или шминката, туку начинот на кој таа сјае“ - вели Лорен.

„Убавината всушност е одраз како се чувствуваме однатре и тоа ни се рефлектира во очите. Убавината не е во физичкиот изглед“ – додава таа.

Софија Лорен Софија Лорен Софија Лорен Софија Лорен Софија Лорен

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26513 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.