Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Даниел Кајмакоски со сопругата и двете мали дечиња на одмор во Грција

Даниел Кајмакоски со сопругата и двете мали дечиња на одмор во Грција

По настапот на концертот на Лепа Брена, на кој беше специјален гостин, Даниел Кајмакоски поминува квалитетно време со семејството.

41-годишниот пејач е на одмор во Грција со својата сопруга и со двете мали дечиња, синчето Стефан и ќеркичката Емилија. Даниел објави фотографии на кои Стефан си игра на плажа, а Марина покажа семејна прошетка со Емилија која наскоро ќе наполни 9 месеци.

Даниел Кајмакоски Даниел Кајмакоски Даниел Кајмакоски Даниел Кајмакоски Даниел Кајмакоски Даниел Кајмакоски Даниел Кајмакоски

Семејството Кајмакоски беше на море и во јуни.

Кајмакоски Даниел Кајмакоски Даниел Кајмакоски

На 1 август, Даниел настапи на сцената за време на концертот на Брена.

„Толку многу песни и музика во изминативе години, а за многу генерации сè уште најпривлечно и најинтересно звучат хитовите на Брена. Чест ми е што таа лично ме покани да бидам гостин на нејзиниот концерт во Охрид!“

„Сите мои најблиски ја сакаат и почитуваат, особено мајка ми. Посебен е овој момент, повторно да ја делам сцената со Брена, права дама, единствена и по музиката и по убавината. Не е битно каква музика слушаш и колку години имаш, Брена ја знаеш и сакаш да ја слушаш“ – напиша тој пред настапот.

Даниел и Марина стапија во брак во јануари 2023 година. Нивното синче се роди на 30 април истата година, додека ќеркичката Емилија ја добија во ноември минатата година.

Кајмакоски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28092 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.