Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Хоакин Феникс е голем фан на Атиџе, таа повеќе не сака интервјуа туку чека да се врати кај пчелите... Медените со изјава по Оскар

Хоакин Феникс е голем фан на Атиџе, таа повеќе не сака интервјуа туку чека да се врати кај пчелите... Медените со изјава по Оскар

Медените се вклучија во живо од Холивуд за прес-конференција. Протагонистката Атиџе Муратова, режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов, кинематограферите Фејми Даут и Самир Љума, како и продуцентот Атанас Георгиев одговараа на прашања од новинарите.

Скромната Атиџе сподели дека најмногу ѝ се допаднал океанот и дека не сака повеќе интервјуа, туку дека сака да се врати на мирниот живот кај своите пчели во Бекирлија. „Сега јас сакам да бидам малку на раат од интервјуата... Со пчелите имам работа“ – рече таа, а подоцна додаде: „Јас сега чекам дома да одам утре и пчелите да ги гледам, тоа мене ми е најбитното. Ми е жал за пчелите. Спијат да, ама пак мене ме чекаат“.

За медот во Македонија, Атиџе вели: „Како што е во нашиот крај, во Македонија, нема нигде мед. Јас одма осеќам, како нашиот нигде нема“.

Оскар 2020 Медена земја

Кинематограферот Самир откри дека „Медена земја“ има бројни фанови меѓу холивудските ѕвезди. Тој ги издвои Хоакин Феникс, режисерот Тод Филипс и Роџер Дикинс како едни од најголемите обожаватели на филмот со кои се дружеле во изминатите две недели.

Екипата е категорична дека простор за разочарување нема, напротив, тие се пресреќни со постигнатиот успех и пренесената порака. „Секој кој има разочарување треба да се преиспита малце. Срамота е да се има разочарување во ваква ситуација“ – рече Тамара.

„Сметам дека е позначајно што сменивме историја, отколку да добиевме Оскар. Ние цело време велиме, две номинации е подобро од еден Оскар“ – додаде Георгиев.

Оскар 2020

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.