Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Екипата на „Медена земја“ на црвениот тепих на „Европските оскари“ во Берлин и во Лос Анџелес каде доби две награди

Екипата на „Медена земја“ на црвениот тепих на „Европските оскари“ во Берлин и во Лос Анџелес каде доби две награди

Како претставници на филмската екипа на „Медена земја“, Тамара Котевска, Атанас Ѓоргиев и Самир Љума присуствуваа на доделувањето на Европските филмски награди во Берлин.

На црвениот тепих на таканаречените „Европски оскари“, филмските уметници пристигнаа заедно и позираа пред фоторепортерите.

Режисерката Котевска носеше долг темнозелен фустан.

Екипата на Медена земја Екипата на Медена земја

„Медена земја“ беше номиниран за Најдобар европски документарец, но за жал, наградата во оваа категорија му припадна на документарецот „За Сама“.

Екипата на Медена земја Екипата на Медена земја Екипата на Медена земја Екипата на Медена земја Екипата на Медена земја

Додека триото беше во Берлин, режисерот Љубомир Стефанов и снимателот Фејми Даут престојуваа во Лос Анџелес. Тие присуствуваа на Интернационалните документарни награди, каде за „Медена земја“ им беа доделени две престижни признанија.

Екипата на Медена земја

Ним им беа врачени наградата „Pare Lorentz“ („Паре Лоренц“) и наградата за Најдобра кинематографија.

Наградата „Паре Лоренц“ на ИДА се доделува „за пример за филмско снимање, со истовремено фокусирање на соодветната употреба на животната средина, правда за сите и откривањето на социјалните проблеми“. Македонскиот документарец беше номиниран во уште две категории: за најдобар филм и за режија.

Екипата на Медена земја Екипата на Медена земја Екипата на Медена земја Екипата на Медена земја Екипата на Медена земја Екипата на Медена земја

Во меѓувреме, македонскиот документарец доби уште неколку номинации и признанија на престижни интернационални филмски фестивали. „Медена земја“ е македонски кандидат за „Оскар“ за Најдобар интернационален филм. Номинациите за „Оскар“ ќе бидат соопштени на 13 јануари 2020 година.

Екипата на Медена земја

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.