Почетна » Новости » Актуелно » Мисица падна од високо на сцената на Мис Универзум додека скокаше за да ја фати круната

Мисица падна од високо на сцената на Мис Универзум додека скокаше за да ја фати круната

Несреќна случка го одбележа изборот на Мис Универзум Латина, на кој се избираше убавица која ќе ги претставува сите Латиноамериканки на 74-тото издание на Мис Универзум во Тајланд.

За време на последниот предизвик пред финалето, мисицата со кубанско потекло Лаура Перез падна од голема височина и си ја повреди ногата. Секоја натпреварувачка требало да чекори по високата платформа, а потоа да биде фотографирана како скока по круната врзана над сцената. Лаура скокна од платформата, но падна на главната сцена и си го повреди глуждот.

Лаура Перез Лаура Перез

Шоуто беше веднаш прекинато, а името на Лаура се најде меѓу осумте финалистки.

И покрај дисторзијата на глуждот, Перез се врати на сцената и заврши како втора придружничка на натпреварот за убавина.

„Ви благодарам на сите луѓе кои се молевте за мене, на сите кои гласавте секој ден. Можев да го почувствувам тоа тука. Ми следува физикална терапија уште неколку денови додека не ме испишат. Но, наскоро ќе се вратам“ – напиша таа.

Лаура Перез Лаура Перез Лаура Перез

Круната ја доби Јамилекс Хернандез.

Лаура Перез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27670 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.