Тоше Зафиров и неговата сопруга Габриела максимално го користат летото.
Македонските бодибилдери беа на авантура во Египет и изгледаа заљубено и среќно. Брачниот пар на Facebook сподели забавни фотографии на кои позира пред пирамидите.
Тоше не крие колку многу е заљубен во Габи, со која има две деца, и редовно потсетува на социјалните мрежи дека жената треба да се сака и да се почитува.












Тоше и Габи во меѓувреме напорно тренираат за „Мр Олимпија Аматер 2025“ каде за првпат ќе се натпреварува и нивната ќерка Ангела. Тие ќе бидат први кои фамилијарно ќе учествуваат на еден ваков голем натпревар.
Зафирови потекнуваат од Неготино, но со години живеат во Скопје. Тоше со децении наназад се занимава со бодибилдинг, а Габи му се придружи пред повеќе од 10 години.
