Помина точно еден месец од свадбата на фудбалерот Диого Жота и неговата избраничка Рут, која беше зацрнета од неговата прерана смрт.
28-годишната Португалка за првпат се огласи на социјалните мрежи по трагичната сообраќајна несреќа во Шпанија, која се случи само 11 дена по нивната свадба, а во која животот го загубија нејзиниот сопруг Диого и брат му Андре.

Во објавата, Рут сподели три фотографии од нивниот среќен ден и напиша:
„Еден месец од нашето ‘додека смртта не нè раздели’. Засекогаш твоја девојка во бело“.



Рут и Диого беа заедно од тинејџерските денови и заедно имаат три мали дечиња.

Објавата на Рут дојде во време кога целиот фудбалски свет продолжува да се моли за семејството по нивната трагедија.
Рут доби илјадници коментари со поддршка, емотивни пораки од навивачи и спортисти, а Ливерпул, во согласност со семејството, најави пензионирање на бројот 20 кој го носеше Жота.

