Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Хиларија Болдвин ја сподели првата семејна фотографија по раѓањето на седмото дете

Хиларија Болдвин ја сподели првата семејна фотографија по раѓањето на седмото дете

Хиларија Болдвин ужива во семејната идила по раѓањето на седмото дете, иако не крие дека се соочува со предизвици додека се обидува да воспостави нов баланс во нејзиниот живот.

38-годишната сопруга на актерот Алек Болдвин сподели семејна фотографија на која тие позираат со сите нивни деца. Во рацете, Хиларија ја држи новородената Иларија, додека е опкружена со 9-годишната Кармен, 7-годишниот Рафаел, 6-годишниот Леонардо, 4-годишниот Ромео, 2-годишниот Едуардо и 19-месечната Марија Луција.

Хиларија Болдвин

Пред неколку дена, популарната јога инструкторка напиша писмо за бебенцето, во кое објасни дека нејзиното име значи „среќна“.

Драга Иларија,

Ако некогаш го читаш ова, сакам да знаеш колку сум среќна што дојде во нашите животи.

Нашите имиња значат „среќна“ и за мене е чест што ја делам оваа врска со тебе.

Истоштени сме, обидувајќи се да се справиме со оваа транзиција... обидувајќи се да им бидеме колку што е можно подобри родители на твоите браќа и сестри, обидувајќи се да бидеме колку што е можно поприсутни и поактивни, додека истовремено се обидувам да имам сочувство кон моето тело кое штотуку роди бебе. Тоа е тежок баланс и мислам дека не се справувам добро, бидејќи ме боли кога чувствувам дека не им пружам доволно на сите мои деца. Грижата на совеста на мајките е реална.

Нашите имиња значат среќа на сите јазици... Да живееме среќно, Иларија.

Те сакам засекогаш,

Мама

Хиларија Болдвин Хиларија Болдвин

Хиларија и Алек во изминатиот период се соочија со многу предизвици поради трагедијата што се случи за време на снимањето на филмот „Rust“, кога Алек случајно испука куршум и ја усмрти кинематограферката Халина Хачинс.

Алек Болдвин Хиларија Болдвин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.