Џеси Џеј направи голема промена во имиџот. Англиската пејачка целосно си ја избричи главата за хуманитарни цели.

„Бричењето на главата е најмалото нешто кое можам да го направам за да им помогнам на луѓето на кои толку им е потребна помош“ – изјавила Џеси.

Собраните парични средства со помош на кампањата „Red Nose Day“ за „Comic Relief“ ќе им помогнат на повеќе хуманитарни организации кои се борат против трговијата со луѓе и семејно насилство, како и на оние кои им помагаат на лицата заболени од ХИВ и СИДА.