Џенифер Лопез со секси стил заведуваше на MTV Movie Awards. Популарната пејачка и актерка позираше на синиот тепих во Лос Анџелес во црна комбинација со впечатливи златни детали.
Црната креација дизајнирана од Антони Вакарело за Versus Versace ѝ овозможи на Лопез да ги стави во преден план своите тонирани нозе.
Стајлингот на 45-годишната ѕвезда вклучуваше и минималистички сандали од Џузепе Ѕаноти и златна чантичка од Салваторе Ферагамо.
Џенифер победи во категоријата „Best Scared-As-S**t Performance“ за улогата во „The Boy Next Door“.