Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Џенифер Лопез во сексапилни костими за капење

ФОТО: Џенифер Лопез во сексапилни костими за капење

Џенифер Лопез го разголи своето тело во сексапилни костими за капење за списанието „Us Weekly“. 45-годишната пејачка беше ангажирана за изданието „Best Bodies“, како една од славните ѕвезди со најдобро тело.

Фотографиите се дело на Џо Паглиша.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Во интервјуто за списанието, Лопез изјавила дека сега е во подобра форма, отколку што била во своите 20-ти години. „Гледам фотографија од себе во своите дваесетти години и си велам: Ох, сега изгледам подобро“ – рекла таа.

Енергичната музичка ѕвезда изјавила и дека не треба да се натпреваруваме со други луѓе, туку едноставно да се покажуваме себеси во најдобро светло. „Се чувствувам секси, се чувствувам млада, понекогаш се чувствувам убава, а понекогаш не толку убава. Сметам дека сликата за здраво тело доаѓа од тоа да бидеш своја најдобра верзија, а не да се натпреваруваш со некој друг. Знаете, не сум модел висок 180 сантиметри... не носам конфекциски број 36. Сметам дека треба да се фокусираме на себе и да бидеме најдобри што можеме“ – додала Лопез.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Погледнете и видео од снимањето на фотосесијата:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10615 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.