Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Шакира во црн комбинезон ја прими „Кристалната награда“ за својата хуманитарна работа

ФОТО: Шакира во црн комбинезон ја прими „Кристалната награда“ за својата хуманитарна работа

Шакира беше наградена за својата хуманитарна работа на Светскиот економски форум, кој се одржа во Давос, Швајцарија. На настанот, 39-годишната пејачка се појави во црн комбинезон со широк колан на половината.

Музичката ѕвезда заслужено беше почестена со награда ако се земе предвид фактот што таа долго време ја има улогата на амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ и се бори за образование на децата во Колумбија преку својата добротворна организација „Pies Descalzos“.

Шакира Шакира Шакира

Во својот говор, славната Колумбијка повика за поголемо залагање и инвестирање во образованието на децата во земјите во развој.

„Треба да нè скрши фактот што во 2017 година сè уште има 250 милиони деца под 5 години кои сè уште се во ризик, кои веројатно ќе бидат со забавен физички и интелектуален развој. Размислете за тоа за секунда. Зборуваме за бројка приближно иста со населението на цела држава со големина на САД. Тоа е трагедија за тие деца и епски, епски неуспех за сите нас“ – изјави таа.

Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира

ВИДЕО:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11428 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.