Марија Шерифовиќ беше дел од ѕвездите кои оваа година ја забавуваа публиката на „Тиквешки гроздобер“.
На манифестацијата во Кавадарци, српската пејачка ги освои присутните со својот моќен глас и со силните емоции кои секогаш ги покажува на сцената. Марија двапати го прекина концертот за да направи добро дело – еднаш за да ѝ помогне на девојка на која ѝ се слошило, а другиот пат за да му ги купи сите балони на момче кое продавало на музичкиот хепенинг.
Сепак, Шерифовиќ стана и мета на спротивставени коментари кога беше споделено видео од девојка која се обиде да ѝ го одземе микрофонот велејќи ѝ: „Може да пееме?“.
„Мрш бре“ – ѝ возврати Марија.

@goodboy03210 #marijaserifovic #srbija #makedonija #mrsbre ♬ original sound - Good_boy_
Некои ја искритикуваа ваквата реакција на Марија, а други постапката на девојката.
Една корисничка на TikTok сподели дека Марија не сакала да им даде автограм.
„Кога пееше Теодора, со моите другарки ја видовме Марија и ја прашавме за фотографија, а таа ни рече: ‘Оди шетај’“ – напиша девојката во коментарите.