Џенифер Анистон посветено се грижи за фигурата, а нејзиниот нов моден избор го потенцираше тоа. Холивудската ѕвезда беше фотографирана додека се упатуваше на снимањето на „The Late Show with Stephen Colbert“ и примами само комплименти.
56-годишната актерка носеше црно мини фустанче со голи рамена и „пеплум“ крој кое ги истакна нејзините извајани мускулести раце и витките долги нозе.





Покрај со промоцијата на четвртата сезона на серијата „The Morning Show“, во која глуми со Рис Витерспун и Џон Хем, Анистон е во центарот на вниманието и со приватниот живот. На Инстаграм таа сподели романтична фотографија со која потврди дека нејзиното срце го освоил хипнотерапевтот Џим Кертис.

Блиските велат дека е „посреќна од кога било“, а според енергијата што ја зрачи, тоа навистина се гледа.