Игор Џамбазов си ја отвори душата и ја раскажа својата животна приказна во третата сезона од подкастот „Претрес со Ландов“.
Македонскиот актер и музичар зборуваше за многу болни теми од смртта на своите родители и други драги пријатели, до борбата со зависноста од алкохол и немањето свои деца.

Откако му беше поставено прашање за тоа дека нема наследници, Игор рече дека таа тема за него е болна, а особено му е тешко што ни неговата сестра Тања нема деца.
„Болна тема, се разбира дека е болна, особено кога знам дека не е проблемот во мене. Јас имав голема желба, мислев дека ќе имам најмалку две деца. Знаеш ли што е уште поголема трагедија? Што и сестра ми нема деца. Сестра ми пред некој ден наполни 60 години. Можеби тоа е една од работите поради која јас сега, како што се приближувам кон својот крај, така сакам сé повеќе да работам, сакам да оставам нешто. Кога веќе не оставам наследник, хомосапиенс, да оставам барем наследство, нешто што ќе трае, што ќе остане“ – рече тој.

Игор полн со емоции се наврати на смртта на неговите родители, легендарните Александар и Анче Џамбазови, споделувајќи дека чувствува одговорност да го одржува споменот за нив.
Како што раскажа тој, Анче Џамбазова починала во болница покрај својот сакан на 35-годишнината од бракот, додека маестро Александар си замина на роденденот на Тоше Проески, за кој Игор зборуваше со огромна тага.
„Мајка ми умира на денот на 35-годишнината од нивниот брак. Татко ми ја буди... татко ми спиеше таму во болницата. Ја буди во договорено време заради терапијата, таа ги отвора очите и Џамбаз ѝ го става цветот на градите што ѝ го купил. Таа само го помилувала за раката и само го испуштила тоа што го имала“ – рекол тој.




Еве ја целата епизода од „Претрес со Ландов“: