Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: 39 фотографии од фотосесии на Шакира за нејзиниот 39. роденден

ФОТО: 39 фотографии од фотосесии на Шакира за нејзиниот 39. роденден

Шакира се наближува кон петтата деценија од својот живот, но нејзиниот младолик изглед воопшто не го покажува тоа. Популарната Колумбијка денес ќе го прослави својот 39. роденден.

Музичката ѕвезда својот прв соло албум го издаде во раните 90-ти години, а започна да се пробива на американскиот пазар со својот петти студиски албум во 2001 година.

Во текот на својата кариера, Шакира се има закитено со повеќе награди за својот придонес во музичката индустрија, меѓу кои две Греми статуетки, осум Латино Греми награди, а исто така, беше номинирана и за Златен глобус.

Популарната сопруга на фудбалерот Пике постојано вмешува прсти во хуманитарни активности и веќе долги години е амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ.

Шакира, која има две деца со славниот фудбалер, неретко е во фокусот на бројни фотосесии.

По повод роденденот на Шакира, погледнете 39 фотографии од нејзините најпознати фотосесии.

Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11733 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.