Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Свршеничкиот прстен на Ким кој чини 2 милиони долари

ФОТО: Свршеничкиот прстен на Ким кој чини 2 милиони долари

Ким Кардашијан ја прифати понудата за брак на Крис Хамфрис, со кого е во врска само 6 месеци. Но, најголемото внимание во целата таа приказна не го доби Ким или романтичниот предлог за брак, туку свршеничкиот прстен.

Неколку часа по објавување на свршувачката, веќе беше објавена цената на прстенот – неверојатни 2 милиони долари.

Свршеничкиот прстен на КимСвршеничкиот прстен на Ким

Имајќи во предвид дека имотот во кој живее Ким вреди 4,8 милиони долари и дека годишната плата на Крис е „само“ 3,2 милиони долари, се чини дека младиот кошаркар сакал навистина да се покаже и да ѝ го оствари сонот на префинетата Ким.

Всушност, 30-годишната Кардашијан сонувала за ваков прстен уште од средношколските денови. „Во средно отидов во Macy’s и купив лажен прстен, мојот „совршен“ прстен, а овој е скоро ист како тој“ – раскажала гордата Ким во интервју за People.

„Тој е најубавото нешто што го имам видено во животот. Совршен е“ – додала таа.

Ким КардашијанПапараците вчера ја „уловија“ Ким со големиот прстен на аеродромот LAX Свршеничкиот прстен на Ким

Се работи за 20,5-каратен дијамантски прстен којшто е изработен од еден голем камен од 16,5 карати и два помали камења од по 2 карати поставени од страните.

Крис ХамфрисКрис Хамфрис за списанието GQ

И додека светот сè уште зборува за прстенот на Ким, таа и нејзиното семејство ја планираат свадбата. Според последните информации, голема е веројатноста Ким да се венча пред камери, односно нејзината свадба да биде пренесувана на телевизија во живо.

Знаејќи дека Ким и нејзиното семејство заработуваат од тоа што нивниот секојдневен живот е постојано на телевизија, не е тешко да се поверува дека ќе ја искористат и оваа шанса за да го зголемат своето богатство со уште некое милионче.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10409 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.