Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ким Кардашијан и Крис Хамфрис стапија во брак

Ким Кардашијан и Крис Хамфрис стапија во брак

Ким Кардашијан и Крис Хафрис официјално се сопруг и сопруга. Среќниот пар стапи во брак пред очите на 440 гости на екстравагантна церемонија која се одржа вчера вечерта во Монтесито, Калифорнија.

Крис и Ким

Ким носела фустан без прерамки во боја на слонова коска, креиран од Вера Ванг. За целата церемонија Ким имала уште два фустани, исто од рацете на Ванг. Целосниот изглед познатата телевизиска ѕвезда го надополнила со обувки од Џузепе Ѕаноти.

Свадбата на Ким

Гостите, меѓу кои биле и Рајан Сикрест, Линдзи Лохан, Деми Ловато, Вера Ванг, Аврил Лавињ, Ева Лонгорија и Едуардо Круз, се придржувале кон црно-белиот дрес-код.

Свадбата на КимЦрно-белата свадбена торта Свадбата на КимГостите пристигнуваат за свечената церемонија

За жал, ниту една фотографија од церемонијата не „истече“ на интернет. Списанието People ги откупи ексклузивните права и в петок ќе објави лични фотографии од свадбата и многу детали. Се смета дека за таквата ексклузивност списанието платило 1,5 милиони долари.

Целата свадба ќе се најде на телевизиските екрани, но дури на 9 и 10 октомври.

Крис и Ким ја објавија својата свршувачка во мај, по само 6 месеци поминати во врска.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11372 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.