Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ким Кардашијан се сврши

Ким Кардашијан се сврши

Ким Кардашијан и Крис ХамфрисКим Кардашијан и Крис Хамфрис

Ким Кардашијан се сврши со Крис Хамфрис, со кого е во врска само 6 месеци. Веста за свршувачката ја објави самата Ким во ексклузивно интервју за списанието People.

30-годишната телевизиска ѕвезда раскажала дека Крис ја запросил во нејзиниот дом. На 18 мај, кога таа се вратила дома, 26-годишниот кошаркар ја чекал клекнат на едно колено, а со ливчиња од рози било напишано „WILL YOU MARRY ME?“ (Дали ќе се омажиш за мене?).

„Воопшто не го очекував тоа. Бев во голем шок. Никогаш не претпоставував дека ќе се служи дома и не мислев дека ќе се случи сега“ – изјавила среќната Ким.

Крис ја побарал раката на Ким со 20,5-каратен дијамантски прстен од Lorraine Schwartz. „Знаев само дека сакам да биде голем“ – изјавил Крис во врска со прстенот и признал дека ја организирал интимната прослава заедно со мајката на Ким, Крис Џенер.

„Крис навистина не сакашe голема прослава, но на шега ѝ кажал на мајка ми деkа би било добро да има мини коњчиња. Подоцна таа ноќ, на забавата, мајка ми донесе две мини коњчиња за нас! Беше многу смешно!“ – раскажала со насмевка идната невеста.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.