Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Ријана ја покажа слабата фигура во „Harper’s Bazaar“

ФОТО: Ријана ја покажа слабата фигура во „Harper’s Bazaar“

Ријана ја покажа својата слаба фигура во дизајнерски креации во едиторијал за списанието „Harper’s Bazaar“. Популарната 24-годишна пејачка позираше во фустани на Келвин Клајн, Том Форд, Ралф Лорен, Пако Рабан и модни парчиња на Армани, Александар Ванг и Дона Каран, а во интервју за списанието зборуваше за љубовниот живот и слабеењето.

Ријана

За љубовта: „Бунтовничка сум преку мојата музика, преку модата, тетоважите и мојата коса. Но, конзервативна сум во мојот љубовен живот... кој речиси не постои. Ако наидам на некој кој мислам дека е навистина кул, ќе се дружиме. Но, во моментот кога ќе почувствувам дека се зближуваме премногу – не пуштам луѓе блиску до себе.“

Ријана

За љубовната болка: „Кога бев заљубена, бев затрескана многу. Бев навистина, навистина заљубена. Чувството беше бесценето. Потоа, додека да трепнеш целиот мој живот се промени. Сè што знаев се промени. Никогаш не мислев дека ќе почувствувам таква болка во мојот живот. Страв ми е да не го доживеам тоа чувство повторно.“

Ријана Ријана

За музичката соработка со Крис Браун: „Фановите можеа да речат: Не сакаме ништо со тоа. Разбирав дека луѓето имаа право да бидат загрижени. Но, јас не гледам на тоа на таков начин затоа што сум на друго место во животот.“

Ријана

За слабата фигура: „Не знам дали се случува нешто со моето тело во моментов, но јадам сè! Ми недостига мојот задник. Едноставно исчезна! Ми треба задник.“

РијанаРијанаРијана

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10618 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.