Принцезата Кетрин шармираше со кралска елеганција на државниот банкет во Виндзор, организиран во чест на претседателот на САД, Доналд Трамп.
43-годишната припадничка на британското кралско семејство изгледаше прекрасно во рачно везена креација од високата мода на дизајнерката Филипа Лепли, која ја надополни со накит од кралската колекција, вклучително и тијарата „Lover’s Knot“ која ѝ беше омилена на покојната принцеза Дијана.
Според експертот за накит Максвел Стоун, тијарата се проценува на 135 милиони долари.
Кетрин сподели неколку фотографии со принцот Вилијам на Instagram и напиша:
„Подготвени за државниот банкет“.











На банкетот заедно вечераа 160 гости, а подготовките за истиот започнаа уште пред шест месеци.
