Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Инфузии, солзи, болка: Бела Хадид објави фотографии од болнички кревет

Инфузии, солзи, болка: Бела Хадид објави фотографии од болнички кревет

Бела Хадид ги загрижи фановите со фото-албум кој покажува дека нејзината здравствена состојба не е добра.

Популарниот модел, кој со години се бори со Лајмска болест, сподели фотографии на кои прима инфузии и со насолзени очи лежи во болнички кревет.

„Те сакам! Се надевам дека наскоро ќе се чувствуваш силна и ќе бидеш добро како што заслужуваш“ – ѝ порача сестра ѝ Џиџи.

Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид

Пред две години, Бела сподели дека страда од Лајмска болест и дека конечно е здрава:

Малата верзија од мене која страдаше ќе се гордееше со пораснатата јас за тоа што не се откажав од себеси.

Ѝ благодарам на мајка ми што ги чува сите мои лекарски извештаи, што е покрај мене и што никогаш не ме напушта, ме штити, ме поддржува и најважно од сè, што верува во мене низ сето ова.

Живеењето со оваа состојба, која се влошуваше одвреме-навреме, и работењето додека се обидував да се направам горда себеси, како и семејството и луѓето кои ме поддржуваа, беше потешко отколку што можам да опишам.

Многу беше конфузно за мене да бидам толку тажна и болна со толку благослови/ привилегии/можности и љубов околу мене.

Она што сакам да го споделам со вас е:

  1. Добра сум и не треба да се грижите.
  2. Не би сменала ништо. Ако треба, повторно би поминала низ истото, за да бидам тука, токму во овој момент сега, со сите вас, конечно здрава. Би го направила сето тоа повторно. Тоа ме направи ова што сум денес.

Универзумот работи на најболните и најубавите начини, но морам да кажам дека ако сега се бориш – ќе стане подобро. Ти ветувам. Направи чекор назад, остани силна, имај верба во твојот пат, чекори со вистината и облаците ќе започнат да се расчистуваат.

Благодарна сум за животот. Овие 100+ денови на хронична Лајмска болест, лекување од инфекција, речиси 15 години од невидливо страдање ќе вредат ако можам да го поминам остатокот од животот ширејќи љубов од полна чаша и да можам да бидам вистинската јас, за првпат во животот.

Се обидов да ги изберам најпозитивните фотографии, бидејќи колку и да беше болно искуството, резултатот е најпросветленото искуство во мојот живот, исполнето со нови пријатели, нови визии и нов ум.

Благодарам за трпението на сите мои соработници, поддржувачи и доктори.

Ќе се вратам кога ќе бидам подготвена.

Многу ми недостигате сите.

Ве сакам многу.

Бела ја добила дијагнозата во 2012 година откако се соочувала со здравствени компликации, депресија, разни бактерии и инфекции. Нејзината мајка Јоланда и нејзиниот брат Анвар исто така страдаат од оваа болест.

Бела Хадид

Лајмската болест може да се пренесе преку убод од крлеж. На следниот линк дознајте повеќе информации околу болеста:

Лајмска болест – симптоми, лекување, превенција

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 29085 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.