Ријана краси две насловни страници на априлското издание на Elle UK. Облечена во креации на Прада и Луј Витон, Ријана позираше во Париз за познатиот фотограф Маријано Виванко.


Во интервјуто за списанието, кое било направено за време на нејзината седумдневна турнеја 777, 24-годишната пејачка зборувала за Крис Браун и плановите за иднината.
Кога била запрашана зошто му простила на Браун за насилството, Ријана одговорила: „Си имам свои причини, многу, многу приватни причини. На крајот на краиштата – го познавам. Имав многу за размислување и многу време за да мислам на тоа... Сега кога сме возрасни, можеме да ги направиме нештата правилно. Имаме можност за нов почеток и сум благодарна за тоа.“


Ријана открила и дека хитот „Stay“ е за силна љубов каква што таа има со Крис Браун. „Stay е за тоа да имаш толку блиска љубов, што да сакаш да трае вечно. Не можеш да го имаш тоа чувство со кого било, па кога ќе го имаш, не сакаш да го испуштиш. Дефинитивно би рекла дека тој (Крис Браун) е човекот со кого имам таква врска“ – изјавила таа.


На прашањето каде се гледа за пет години, Ријана одговорила дека се гледа како мајка. „Веројатно ќе имам дете. И се молам да можам да одам на одмор еден месец. Ќе направам така што да не морам да одам на турнеи до крајот на животот. По пет години сакам здравје и среќа. Сакам да сум здрава и среќна“ – признала таа.

