Пинк била фотографирана додека уживала со своето семејство на плажа во Мајами. Популарната 33-годишна пејачка се релаксирала во друштво на сопругот Кери Харт и едногодишната ќерка Вилоу за време на паузата од светската турнеја.
Облечена во сини бикини, музичката ѕвезда го покажа своето мускулесто тело кое ѝ помага да ги издржи динамичните и акробатски настапи.


Објавувањето на фотографиите предизвика бран реакции – негативни и позитивни. Додека многумина коментираа дека нејзиното тело е премногу мускулесто и дека воопшто не е женствено, други ја пофалија за здравиот изглед и ѝ дадоа комплименти што не го следи холивудскиот тренд на слабо тело.



По реакциите, Пинк одлучи да го даде своето мислење и преку Twitter порача: „За сите коментари за моето тело, добри и лоши, ова тело е способно да направи многу. Благодарна сум за моето силно тело кое ме носи низ светот.“
Пинк дополни и дека сака да биде добар пример за својата мала ќерка. „Сакам да сум пример, кога моето мало девојче ќе ме погледне, сакам да ѝ покажам дека една жена може да постигне сè, а тоа да не е само поради нејзиниот изглед.“
