Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Мис Порторико е новата Мис на светот

ФОТО: Мис Порторико е новата Мис на светот

Стефани дел Вал е убавицата која победи на Мис на светот 2016. 19-годишната претставничка на Порторико ја прими блескавата круна од минатогодишната победничка Миреја Лалагуна Ројо од Шпанија.

Мис на Светот Мис на Светот Мис на Светот

На 66. издание на натпреварот за убавина, кое се одржа во Мериленд, учествуваа претставнички од над 100 држави од светот.

Убавата Порториканка, која блесна во розова креација, е студентка и течно зборува шпански, англиски и француски. Таа изјавила дека ѝ е чест што ја претставува својата татковина.

Мис на Светот Мис на Светот Мис на Светот

Стефани ја освои публиката со одговорот на прашањето: „Ако имаш можност да промениш нешто во светот, што ќе направеше?“. „Ако имам можност да променам нешто во светот, мислам дека ќе биде да испратам порака за тоа колку важно е да се замени исклучувањето со прифаќањето, да се промовира и да се обезбеди правда за другите и за важноста за тоа да им се помага на оние кои имаат потреба од помош“ – изјави таа.

Мис на Светот Мис на Светот Мис на Светот Мис на Светот Мис на Светот Мис на Светот Мис на Светот

Ова е вторпат претставничка на Порторико да биде прогласена за Мис на Светот. Првата избраничка беше Вилнелија Мерцед која победи на изборот во 1975 година.

Мис Доминиканска Република стана прва придружничка, додека за втора придружничка беше прогласена Мис Индонезија.

Мис на Светот Мис на Светот Мис на Светот Мис на Светот Мис на Светот

Меѓу петте финалистки беа и Мис Кенија и Мис Филипини.

Мис на Светот Мис на Светот Мис на Светот Мис на Светот

Видео од прогласувањето:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11405 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.