Ирина Шајк се приклучи кон проектот „Natural Beauty“ на фотографот Џејмс Хјустон. 27-годишната Русинка позираше без облека за фотографиите кои се фокусираат на облините на нејзиното тело и лицето.



Покрај Ирина, во проектот се вклучени многу славни манекенки и холивудски ѕвезди како Ема Вотсон, Ел Мекфирсон, Кристи Тарлингтон, Брук Шилдс, Карли Клос и Аризона Мјуз. Секоја од нив е фотографирана со едноставен предмет од природата како гранка, камен, корал или метал.
Проектот има за цел потпомагање на организацијата Global Green USA, чија цел е заштита на животната средина.

„Ми беше голема чест да работам со Џејмс Хјустон на овој важен и прекрасен проект за помагање на обидите за подигање на свеста за животната околина“ – напиша Ирина на Facebook.