Џенифер Лопез крадеше погледи во креација од Зухаир Мурад на доделувањето на Billboard Latin Music Awards.
За манифестацијата, која се одржа во Мајами, 45-годишната пејачка избра бел комбинезон со елегантна наметка од свила и сатен од колекцијата висока мода пролет/лето 2014 на либанскиот дизајнер. Стилскиот избор Лопез го надополни со чантичка од Брајан Етвуд и обувки од британската дизајнерка Шарлот Олимпија.
Во текот на вечерта Лопез ѝ оддаде чест на починатата пејачка Селена Кинтаниља со впечатлив настап. Џенифер ја портретираше Селена во биографскиот филм „Selena“ од 1997 година.
За време на настапот Лопез буквално блескаше во креација од Версаче, која беше целосно украсена со сваровски кристали. Светло розовата креација Лопез ја менуваше во различни стилови додека ги изведуваше „Como La Flor“, „Bidi Bidi Bom Bom“, „Amor Prohibido“, „I Could Fall In Love“ и „No Me Queda Mas“.